Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Алиу и Клековски ги поскапеа „Фостер” и „Мифортик”, а заборавија да ги набават замените на сметка на Фондот“, велат од Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-library8jr1drgi67v78KmQxVE

Левица преку соопштение обвини дека Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување создале сериозен проблем за пациентите со астма, хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ) и трансплантирани бубрези, откако ги поскапеле лековите „Фостер“ и „Мифортик“, а најавените генерички замени сè уште не се достапни во аптеките.

— реклама —

Од партијата велат дека пациентите веќе две недели се принудени сами да ги покриваат значително повисоките трошоци за терапијата, иако претходно било најавено дека ќе има нови генерички лекови кои ќе бидат на товар на Фондот.

— реклама —

Според Левица, пациентите со астма и ХОББ сега плаќаат и до 300 проценти повисока цена за терапијата, додека лицата со трансплантиран бубрег за лекот „Мифортик“ издвојуваат дополнителни 3.450 денари.

— реклама —

Од партијата ги повикаа министерот за здравство Азир Алиу и директорот на ФЗО, Сашо Клековски, итно да обезбедат набавка и дистрибуција на најавените генерички лекови во аптеките низ државата. До тогаш, бараат да се врати претходниот начин на финансирање на постојните терапии.

— реклама —

Левица истовремено бара од надлежните да објаснат зошто средствата за овие лекови биле намалени пред да биде обезбедена нивната соодветна замена.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Има пари за службени возила, нема за мајките земјоделки - демографски загриженото ДПМНЕ против Предлог-законот за платено породилно отсуство за 38.000 жени земјоделки

Македонија | пред 5 часа

— реклама —
Screenshot-2024-12-12-at-21.31.52

Левица: ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето - го преземаат и граѓанскиот надзор

Македонија | пред 7 часа

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 1 ден

media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања