Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Анкета за корупција во јавното здравство: Во три случаи е побаран секс како мито

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Македонија
1-1-1

Најновото истражување на здружението ЕСЕ потврдува дека корупцијата е длабоко вкоренета во јавното здравство.

— реклама —

Од 1.200 анкетирани граѓани, до 200 од нив биле замолени за мито или самите понудиле пари за да добијат здравствена услуга.

Главните наоди од истражувањето покажуваат дека најчесто се плаќа „под шалтер“ за специјалистички услуги, болничко лекување и операции, додека главните причини се недостатокот на бесплатни прегледи и малиот број специјалисти.

— реклама —

Покрај готовината, корупцијата се појавува и во други форми како што се подароци, обврска за купување лекови во одредени аптеки или упатувања во приватни клиники. Шокантно, во три случаи дури и се барал сексуален однос во замена за услугата.

— реклама —

Граѓаните од руралните средини се повеќе изложени на изнуда. Истражувањето покажува дека машките здравствени работници се посклони да бараат мито од жените.

Секоја четврта жена дала мито на гинеколог за подобра услуга, додека секоја петта е подготвена да даде пари за време на бременост или породување.

— реклама —

Проблемот е дополнително усложнет бидејќи граѓаните честопати го изедначуваат митото со „знак на благодарност“, што го отежнува откривањето и борбата против овој феномен

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library0ullmib7cbpp1UvZSbQ

Мајка му донираше бубрег на своето дете со ретка генетска болест – прва ваква трансплантација во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library6h2iule0tmrtb6FbQrv

ФЗО за барањето на Паскалов: Децата имаат право на магнетна резонанца и компјутерска томографија без приватно плаќање

Македонија | пред 2 седмици

media-library5m3hsnkd2vcl83WZHn6

Јосифоска тврди дека била одбиена, ФЗО одговара дека немало барање – кој одлучил дека може да се оперира во Македонија?

Македонија | пред 2 седмици

media-librarykffqnq3ipf45c3LrMa8

„На 34 години ќе ме оставевте во количка“ – пациентка од Скопје со обвинувања кон здравствениот систем

Коментари | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања