Промени тема
Контакт

Арбен Фетаи повеќе не е вицепремиер, Собранието ја констатираше оставката

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Без присуство на Арбен Фетаи и без објаснување од собраниската говорница, пратениците денеска ја констатираа оставката на досегашниот вицепремиер задолжен за добро владеење.

Фетаи претходно преку јавна порака му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски за можноста да биде дел од владиниот состав.

— реклама —

Неговото заминување од функцијата отвори дополнителни прашања во јавноста, откако министерот за здравство Азир Алиу изјави дека Фетаи повеќе од два месеци не доаѓал на работа во Владата.

Премиерот Мицкоски не ја потврди оваа информација, а засега нема официјален одговор дали Фетаи во периодот кога наводно не ги извршувал своите работни обврски примал плата.

— реклама —

Воедно, Мицкоски не ја исклучи можноста поранешниот вицепремиер повторно да биде ангажиран во државните структури, посочувајќи дека Фетаи би можел да добие улога на специјален претставник во Брисел.

— реклама —

Оставката на Фетаи доаѓа во период на политички преструктурирања во Владата, а околностите околу неговото отсуство и идниот ангажман остануваат без конкретно образложение.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Владата го именува Арбен Фетаи за специјален пратеник за ЕУ во Брисел

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Меџити: Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник во Брисел

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl079aq3on7449ZlQRaL

„Многу работи ќе бидат појасни“ – Мицкоски за „исчезнатиот“ вицепремиер Арбен Фетаи

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Фетаи „удира“ по поделбите: Историјата покажува дека движењата што ги јадат своите луѓе завршуваат во колапс

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања