Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Владата го именува Арбен Фетаи за специјален пратеник за ЕУ во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Владата на Македонија го именува Арбен Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија со седиште во Брисел, соопшти самиот Фетаи преку објава на социјалните мрежи.

— реклама —

Фетаи истакна дека именувањето претставува голема чест, но и голема одговорност. Како специјален пратеник, негова задача ќе биде да придонесе за унапредување на процесот на европската интеграција на земјата преку зајакнување на политичката поддршка во институциите и земјите членки на Европската Унија.

— реклама —

Тој посочи дека ќе работи и на надминување на политичките и дипломатските предизвици, како и на поголема застапеност на интересите на Македонија во Брисел и во европските престолнини.

— реклама —

Во објавата, Фетаи наведува дека по долгогодишната кариера во Брисел и искуството стекнато во Владата, новата функција ја презема со уверување дека иднината на Македонија е во Европската Унија.

На крајот од објавата, тој му се заблагодари на премиерот и на Владата за укажаната доверба, истакнувајќи дека „патот кон Брисел продолжува – со решителност, партнерство и целосна верба во европската иднина на Македонија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Арбен Фетаи повеќе не е вицепремиер, Собранието ја констатираше оставката

Македонија | пред 4 месеци

— реклама —
media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Меџити: Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник во Брисел

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryl079aq3on7449ZlQRaL

„Многу работи ќе бидат појасни“ – Мицкоски за „исчезнатиот“ вицепремиер Арбен Фетаи

Македонија | пред 5 месеци

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Фетаи „удира“ по поделбите: Историјата покажува дека движењата што ги јадат своите луѓе завршуваат во колапс

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања