Промени тема
Контакт

„Многу работи ќе бидат појасни“ – Мицкоски за „исчезнатиот“ вицепремиер Арбен Фетаи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryl079aq3on7449ZlQRaL

Премиерот Христијан Мицкоски не даде директен одговор на прашањето дали вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, доаѓа на работа и дали зема плата додека подолг период не се појавува во Владата и во Собранието.

На новинарско прашање дали има сознанија за отсуството на Фетаи, Мицкоски само најави средба со него следната недела.

„Вицепремиерот господинот Арбен Фетаи следната недела имаме јас и тој заеднички состанок, така што после тој состанок многу работи ќе бидат појасни“, рече Мицкоски.

— реклама —

Тој додаде дека Фетаи формално сѐ уште ја извршува функцијата.

„Инаку, официјално тој е потпретседател на владата, задолжен за добро владеење“, кажа премиерот.

— реклама —

Потрагата и интересот по Арбен Фетаи трае веќе втор месец. Не дојде ниту во Собрание на пратенички прашања. СДСМ пак се интересираше колку време не оди на работа, дали за истото време зема плата, како и од каде пари за патување на Тајланд.

— реклама —

Во април годинава, премиерот Мицкоски изјави дека Арбен Фетаи најавил повлекување од Владата и дека сака кариерата да ја продолжи во европските институции во Брисел.

Тогаш Мицкоски рече дека неговите контакти и искуство би можеле да се искористат преку евентуален ангажман како специјален пратеник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Владата го именува Арбен Фетаи за специјален пратеник за ЕУ во Брисел

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Арбен Фетаи повеќе не е вицепремиер, Собранието ја констатираше оставката

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Меџити: Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник во Брисел

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Фетаи „удира“ по поделбите: Историјата покажува дека движењата што ги јадат своите луѓе завршуваат во колапс

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања