Промени тема
Контакт

Меџити: Арбен Фетаи ќе биде специјален претставник во Брисел

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Поранешниот вицепремиер задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе биде именуван за специјален владин претставник во Брисел, најави денеска еден од лидерите на коалицијата Вреди и градоначалник на Чаир, Изет Меџити.

Одговарајќи на новинарски прашања, Меџити рече дека оставката на Фетаи од вицепремиерската функција е поврзана со неговото ново ангажирање.

„Фетаи даде оставка за да биде назначен за специјален претставник во Брисел, односно да заземе нова функција“, изјави Меџити.

— реклама —

Фетаи пред неколку дена поднесе оставка од функцијата вицепремиер за добро владеење. Неговото заминување следува откако повеќе од два месеца не присуствуваше на владините седници, а во јавноста беа објавени и фотографии од негов престој во Тајланд.

— реклама —

Во писмото со оставката упатено до премиерот, Фетаи се заблагодари за довербата што му била укажана за извршување на функцијата, но наведе дека во актуелните околности повеќе не постојат услови таа да ја врши со потребната ефикасност.

„Замнувам со крената глава и чиста совест“, напиша Фетаи во образложението на својата оставка, без дополнително да ги појасни причините за ваквата одлука.

— реклама —

Засега не се соопштени повеќе детали околу новата функција што треба да ја преземе во Брисел.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Владата го именува Арбен Фетаи за специјален пратеник за ЕУ во Брисел

Македонија | пред 1 месец

— реклама —
media-libraryjvlbknic8t290bcx3Jx

Арбен Фетаи повеќе не е вицепремиер, Собранието ја констатираше оставката

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryl079aq3on7449ZlQRaL

„Многу работи ќе бидат појасни“ – Мицкоски за „исчезнатиот“ вицепремиер Арбен Фетаи

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryf5vh7gqst6dgeWI2DLw

Фетаи „удира“ по поделбите: Историјата покажува дека движењата што ги јадат своите луѓе завршуваат во колапс

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања