Актуелно

(ФОТО) Извршена е промена на дограмата во подрачниот објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населба Далјан

Со низа инвестиции Општина Охрид континуирано обезбедува подобри услови за учениците
Извршена е промена на дограмата во подрачниот објект на ОУ „Свети Климент Охридски“ во населба Далјан. Поставени се нови енергетски ефикасни прозорци во сите училници и наставничката канцеларија. Исто така поставени се и нови пвц врати на двата влеза од објектот и на тоалетите. Претходно во овој училиштен објект беа реконструирани подовите во сите училишни простории, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.696773600928246/696773367594936/

На почеток