Жителите на улицата „Спас Банџов“ ќе добијат подобри услови за водоснабдување. ЈП „Водовод“, денеска започна работни активности за поставување на нова водоводна линија со димензии на инсталацијата од ф110мм, ф63мм и ф25мм. Оваа инвестиција е дел од годишната програма за водоснабдување на Општина Охрид и за оваа намена од општинскиот буџет се издвоени 910.759 денари, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.