Градот Скопје повторно апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.
Утринава, во соработка со МВР, биле санкциони неколку прекршувачи на одлуката за доставување на стока на подрачјето на општина Центар.
Со оваа одлука, донесена од Советот на Oпштина Центар и од Советот на Град Скопје, сите доставувачи на стока имаат забрана за доставување во периодот од 7:30 наутро до 18:00 часот.
„Им порачувам на доставувачите да се придржуваат до одлуката, а службите будно ќе ја следат состојбата и ќе ги санкционираат сите оние кои нема да ја почитуваат истата“, велат од општина Центар.