„Со Нинџа и неговите луѓе се среќавав на партиските собири заедно со мојот брат и ме запозна со лицето Прскач од УБК. На првиот ден од протестите пред ДИК, Нинџа не викна во кафиќ на кеј во Скопје. Кога пристигнав со мојот брат таму беше лицето Прскач, во тоа време началник или заменик-началник во петта управа. Нинџа ни кажа дека ако ДИК ги одбие приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во ДИК и да се фрли молотови коктели. Таму беа неговите луѓе, кои добар дел беа вработени во неговиот кафич или кладилницата“, раскажа денеска обвинетиот Стефан Младеновски, во Кривичниот суд денешното рочиште за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.
Во деновите што следувале тој рече дека се гледале со Нинџа во кафулето „Аристократ“, а на средбите присуствувал и Владимир Атанасовски.
„На 30 декември вечерта кога требаше ДУИ да одлучи дали ќе прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, повторно бевме во штабот, во прес-центарот. Бевме јас, мојот брат, луѓето од УБК и Нинџа со неговите луѓе. Исто како денот на изборите, така и тогаш информациите до нас ги споделуваше Дејан Димовски – Боксерот. Кога стана извесно и дека ДУИ нема да прави влада со ВМРО-ДПМНЕ, ни беше кажано од Боксер дека Иванов нема шанси да го додели мандатот на Заев и дека доколку пробаат на сила да направат влада, ќе има војна. Набргу по тоа беше објавена тиранската платформа по што и почнаа протестите на ‘За заедничка Македонија’“, рече Младеновски пред судот.
Тој наведе дека потоа почнале протестите и дека тој учествувал десетина пати со неговиот брат, но и со луѓе на Нинџа, посочувајќи дека за протестите имало логистичка поддршка од сите Комитети на ВМРО.
Младеновски рече дека ќе се влегувало во Собрането кога СДСМ ќе формира Влада, дознал во февруари, кога ги викнал Нинџа. Таму имало луѓе од МВР и УБК.
– На таа средба Прскач ни кажа дека државата ни е загрозена и треба да си ја одбраниме, дека тие ќе стојат зад нас и дека сите насоки ќе ги добивам од Нинџа. Нинџа кажуваше дека на тие протести ќе се следи кој е присутен и дали ќе има провокатори, раскажа Младеновски.
Нагласи дека на протестите добиле наредба ако видат жена со плава коса да ја пријават кај него, бидејќи е од ЦИА.
Младеновски добивал инструкции од Нинџа за „27 април“
Од
Објавено на