Скопје

Наместо почист воздух, граѓаните ќе добијат специјални маски за надвор

Наместо почист воздух, граѓаните ќе добијат специјални маски за надвор. Здравствените власти ќе ги поделат и така ќе се борат против аерозагадувањето. Од Министерството за здравство не размислуваат за вонредни мерки, објави ТВ Телма.

На Клиниката за детски болести викендов се јавиле пациенти најчесто со респираторни инфекции. Но, лекарите смируваат. Според нив, тоа е нормално во овој период.

Мерните станици за квалитетот на воздухот во Лисиче и Гази Баба се уште не работат. Другите кои се во функција, викендов запишаа и до 300 микрограми ПМ10 честички во воздухот.

Отровните честички земаат замав, а властите не се мобилизираат.

Од Институтот за јавно здравје, надлежните за аерозагадувањето се на службени патувања и не даваат одговор дали досегашните мерки на властите дале некаков резултат.

Загадениот воздух е најголема причина за предвремена смрт во речиси сите земји во Европа. Смртта на 1300 жители годишно во Македонија се поврзува со аерозагадувањето. Властите наместо да преземат итни и вонредни мерки, со загадувањето на воздухот се справуваат со вообичаените и секојдневни мерки.“
На прашање дали здравствените власти и оваа година ќе даваат препораки наместо мерки – Филипче откри само дека од неговиот кабинет анализираат кои се ризични категории на граѓани.

На детска клиника се уште не се исполнети сите болнички кревети. Пациентите ги лекуваат амбулантски, вели директорката Катерина Ставриќ. Според нејзе, нема простор за паника.

Загадениот воздух може да предизвика мозочен удар, срцеви заболувања или рак на белите дробови. Смртоносни болести кои заедно со хроничните и акутни респираторни заболувања ги демнат луѓето.
извор: ТВ ТЕЛМА

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток