Случајот со поранешниот македонски премиер, Никола Груевски треба да биде решен помеѓу Скопје и Будимпешта, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Тој додаде дека Алијансата нема намера да се меша во расчистување на прашањето околу бегството на осудениот поранешен премиер.
„Не е мое да коментирам за тоа, станува збор за прашање што се однесува меѓу Скопје и Будимпешта, а не кон НАТО“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на прес конференција во седиштето на НАТО во Брисел.
„Не е мое да коментирам. Прашањето треба да го решат Будимпешта и Скопје“, нагласи Столтенберг запрашан за ставот на алијансата околу бегството на поранешниот премиер и засолништето што му беше дадено од земја членка на НАТО.
Столтенберг во врска со членството на Македонија, нагласи дека НАТО е подготвен да го потпише пристапниот протокол со Македонија по имплементацијата на преспанскиот договор.
Столтенберг: За случајот со Груевски, нека се договорат Скопје и Будимпешта
Од
Објавено на