Актуелно

Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства

Општина Охрид и Дебарско кичевската епархија денеска доделија 120 хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината. Оваа активност е дел од одбележувањето на богојавленските празници, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Во објавата на градоначалникот се додава:

Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до семејствата од страна на екипите на Црвен крст и мобилните тимови на Општина Охрид.

Нашата заедничка грижа нека биде поттик за останатите институции, компании и граѓани за повисока општествена одговорност и обезбедување социјална поддршка онаму каде што е најпотребна.

Покрај хуманите активности, со дел од средствата кои беа предвидени за богојавленската прослава, оваа година беше поддржано креирањето на веб страницата www.bogojavlenie-ohrid.mk , на која се поместени низа содржини за празникот Богојавление-Водици во Охрид.

На почеток