Со низа инвестиции ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ доби комплетно нов лик.
Деновиве финишираше реконструкцијата на подовите во сите училишни простории. Поставени се нови подни облоги од пвц материјал со вкупна површина од околу 1000 м2. За оваа намена од општинскиот буџет беа издвоени 1,3 милиони денари, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
Со цел да се овозможи поголема функционалност на он-лајн часовите за учениците од ова училиште, со средства од Општина Охрид деновиве беа набавени 20 десктоп компјутери.
Продолжуваме континуирано да работиме за подобрување на уловите за учениците.