Актуелно

За учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ обезбедени се посовремени услови за настава

За учениците од стручните угостителски смерови во ОУТУ „Ванчо Питошески“ обезбедени се посовремени услови за настава.
Неодамна е опремен нов кабинет за практична настава, кој располага со угостителска и компјутерска опрема, нагледни средства и наставни помагала кои значително ќе придонесат за поголема ефикасност на обуките и подобрување на квалитетот на ученичката пракса.
Опремувањето на оваа училишна просторија беше овозможено преку средства од проектот за Локална и регионална конкурентност од фондовите на ЕУ и со кофинансирање од буџетот на Општина Охрид, Напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

На почеток