Согласно одлука на градоначалникот општина Охрид изврши распределба на парични средства од Програмата А0 од Буџетот на Општина Охрид врз основа на Ранг -листата од 05.01.2021 година на студентски стипендии во академската 2020/2021 година изготвена од страна на Комисијата за постапување по Конкурсот бр.09-9376/2 од 21.10.2020 година за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на државни универзитети во Република Северна Македонија и на државни универзитети во други земји, во академската 2020/2021 година и тоа на делот Б) од истиот Конкурс кој се однесува на доделување стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во РСМ за академската 2020/2021 година и живеат во потешки социјални услови.
Познати добитниците на студентски стипендии
Од
Објавено на