Свет

(ВИДЕО) Заврши погребната церемонија на Буш – на погребот историчар раскажа смешни моменти и ги насмеја сите

Денеска во Вашингтон беше погребан 41-виот претседател на САД постариот Џорџ Буш. На погребот присуствуваа најголемите американски и светски лидери. Поранешните претседатели на САД Џими Картер, Бил Клинтон, Барак Обама, како и актулниот претседател Доналд Трамп, но ниту еден од нив не оддржа говор.
Илјадници граѓани на САД му изразија почит на постариот Буш кој почина на 30 ноември на 94-годишна возраст.

Говореше историчарот и биограф на Буш, Џон Мехам, раскажа и смешни моменти па сите се смееја.

Буш, водејќи кампања во една стоковна куќа, еднаш по грешка се ракувал со кукла од излог. Наместо да поцрвени од срам, тој едноставно рекол: „Никогаш не знаеш“.

САД го прогласија 5. декември за ден на жалост.

На почеток