Обезбедени се 200 хуманитарни пакети за 100 социјално ранливи семејства во рамки на проектот „Нула глад во Општина Охрид“.
Овој проект, Охридската локална самоуправа го реализира во соработка со здружението „Храна за сите – Банка за храна МК“ како дел од националната акција „Нула глад“ и со поддшка на позната трговска компанија.
Хуманитарните пакети ќе бидат доставени до ранливите семејства од страна на мобилните тимови на Општина Охрид, кои беа формирани за помош и поддршка за време на здравствената криза од пандемијата Ковид-19, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.