Општина Охрид денеска додели 52 таблет компјутери на ОУ „Братство Единство“ наменети за учениците од социјално-ранливи семејства, кои немаат соодветни услови за он-лајн настава.
Комјутерската опрема е обезбедена преку донација од позната национална компанија и е во насока на подобрување на наставниот процес и има за цел да придонесе за развој и унапредување на образованието, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
фото:ФБ Константин Георгиески