Упатувам јавна благодарност до сите работници на ЈП “Охридски Комуналец” кои во три смени, неуморно работат на терен за чистење на снегот.
Со цел да се обезбеди поголема безбедност за учесниците во сообраќајот и за пешаците, ангажирани се над 100 работници со целокупната механизација и расположлива опрема, напипа на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
Исчистени и проодни се сите фреквентни сообраќајници во централното градско подрачје и периферните населби, како и сите локални патишта кон селата. Интензивно се работи за расчистување на пешачките патеки и јавните површини во градот.
Сообраќајот се одвива во зимски услови и се препорачува поголема внимателност на возачите.
фото: ФБ Константин Георгиески