Во текот на изминатата ноќ и денеска непрекинато продолжија теренските активности на екипите од ЈП„ Охридски Комуналец“ за расчистување на снегот.
Се чистеше на плоштадот, чаршијата и останатите јавни површини во центарот на градот. Исто така интензивно се чистат тротоарите и коловозите на сите фреквентни улици.
Се препорачува внимателно движење од страна на пешаците и учесниците во сообраќајот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.