Во мое лично име и во името на Општина Охрид денеска упатив честитки до Никола Чорбески, кој годинава го извади светиот крст од осветената вода во црквата “Свети Никола Геракомија”, во рамки на црковните чествувања по повод православниот празник Богојавление Водици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
Иако поради актуелните здравствени протоколи изостана официјалната организација на традиционалната манифестација на градското пристаниште, празникот Богојавление помина во духот на хуманите вредности, со надеж и желба дека догодина ќе имаме можност посвечено и достојно да го прославиме.
фото: ФБ Константин Георгиески