Скопје

Од 10 најзагадени Европски градови, пет се на Балканот, а од нив три во Македонија

Скопје, Тетово и Битола се македонските црни претставници на градови со најлош квалитет на воздух. Тие се дел од Од листа на пет најзагадени балкански градови и се пред Тузла од БиХ и Пљевља во Црна Гора, според извештајот на Светската здравствена организација.
Овој период Гградинките и училиштата се полупразни. Родителите велат се плашат да ги пуштаат децата на настава во деновите на енормно загадување. Голем дел од нив веќе се со бронхит, запаление, отежнато дишење. Порди загадениот воздух се полнат болниците, но се зголемува и бројот на смртни случаи.

Дејан Докиќ од клиниката за пулмологија вели дека оваа бројка зафаќа само смртни случаи, а не и оние кои имаат некакви симптоми или болести како резултат на загадувањето, доколку би се изнеле податоци за таквите случаи бројките би биле изненадувачко високи.

Според СЗО 4,2 милиони луѓе во светот умираат од загаден воздух, што е повеќе смртни случаи од маларија,сида и туберкулоза заедно.
Граѓаните на Македонија се молат на ветер, велат тоа е единственото нешто што ги спасува од тивкиот убиец – загадениот воздух.

https://www.unenvironment.org/news-and-stories/story/most-polluted-capital-europe-you-didnt-even-know-about?fbclid=IwAR2tDoCP7hrbhkyQ3tPJ93_tLoIT3symgk-U5eSLU_O3D98fvWV569JW8pI

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток