Актуелно

Градоначалникот Георгиески со апел за состојбата со КОВИД 19

Поради актуелната состојба со корона вирусот КОВИД 19 и зголемениот број на заболени на територијата на Општина Охрид упатувам апел до граѓаните максимално да ги почитуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција.
➡️Да се носат заштитни маски
➡️Да се одржува потребна дистанца
➡️Да се одржува лична хигиена според препораките
➡️Да се избегнуваат семејни собири и други друштвени групирања
➡️Да се почитува полицискиот час
❗Упатувам апел до надлежните инспекторати да ги засилат теренските контроли на угостителските објекти, на трговските објекти и на сместувачките капацитети, со цел да се почитуваат протоколите и да се превенираат несакани последици.
✅Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје, напиша во фејсбук објавата градоначалникот Георгиески.
фото: ФБ Константин Георгиески
На почеток