Актуелно

Доделени рекордни 412 ученички и студентски стипендии

Општина Охрид оваа година додели рекордни 412 ученички и студентски стипендии, за кои се наменети 8.426.000 денари од овогодинешниот општински буџет.

Вкупно 270 доделени стипендии се наменети за ученици од основните и средните училишта на подрачјето на општината од кои: 213 стипендии за основци и средношколци кои живеат во потешки социјални услови; 37 стипендии за ученици со посебни постигнувања и 20 стипендии за талентирани основци и средношколци. Поединечниот месечен износ на овие стипендии изнесува 1.500 денари.

Вкупно 142 од доделените стипендии се наманети за редовни студенти на додипломски студии кои студираат на државните универзитети во нашата држава. Поединечниот месечен износ на овие стипендии изнесува 3.000 денари.

Веќе е започната исплатата на стипендиите и до сега се исплатени 1.242.000 денари буџетски средства.

Доделувањето на стипендиите кое беше извршено врз основа на јавни конкурси е во насока на мотивација на талентираните ученици и учениците со посебни достигнувања како и за помош и поддршка на ученици и студенти кои живеат во потешки социјални услови.

Општина Охрид во текот на изминатата 2020 година додели вкупно 288 стипендии од кои 185 беа наменети за ученици од основни и средни училишта, а 103 стипендии беа наменети за студенти.

фото: Општина Охрид

На почеток