Екипи на ЈП Охридски Комуналец извршија вонредна дезинфекција во училишните објекти и објектите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“.
Дезинфицирани беа сите училници, занимални, ходници, тоалети, канцеларии и помошни простории. Активноста се спроведе согласно препораките и мерките за заштита и превенција од корона вирусот Ковид 19.
Дезинфекцијата во образовните објекти е дел од оперативниот план на Локалната самоуправа поради зголемениот број на заболени на територијата на општина Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
фото: ФБ Константин Георгиески