Актуелно

(ФОТО) Интензивно се работи на реконструкцијата на ул „Абас Емин“ и „15 ти Корпус“

Интензивно се одвиваат градежните активности за реализација на двата најголеми и најзначајни инфраструктурни проекти во Општина Охрид, а тоа е реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ и реконструкцијата на улицата „15-Корпус“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Георгиески во објавата додава:

На улицата „Абас Емин“ се работи на главните цевководи на атмосферската, канализационата и водоводната мрежа и непрекинато се спроведуваат нови приклучоци. Исто така се врши тампонирање на дел од коловозот, се поставуваат рабници и се уредуваат тротоарите.

На улицата „15 Корпус“ се работи на нови приклучоци на водоводната линија и се поставува новата атмосферска канализација. Се врши уредување на тротоарите и велосипедските патеки од двете страни на коловозот, а на дел од улицата веќе е поставено ново улично осветлување.

Продолжуваме да реализираме важни инфраструктурни проекти за нашиот град!

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток