Актуелно

Општина Охрид и оваа година ќе го поддржи организирањето на Фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал“

Општина Охрид и оваа година ќе го поддржи организирањето на Фестивалот на нов европски филм „Бич филм фестивал“ кој четврта година по ред ќе се одржува во Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Во продолжение на објавата на градоначалникот се додава:

На средбата која денес ја остварив со организаторите на фестивалот беше разговарано за содржината и замислата за реализација на овогодинешната програма, а беше презентирана и кратка историја на изминатите фестивалски изданија.
Од страна на „Бич филм фестивал“ на Општина Охрид и беше врачена благодарница за придонесот во рамки на успешната реализација на фестивалот.
Општина Охрид во континуитет ќе продолжи да ги поддржува манифестациите кои ја збогатуваат културната понуда на нашиот град.

извор: ФБ Константин Георгиески

На почеток