Дуќанџија од Карпош 4, секое утро ја чисти улицата, тротоарот и целата автобуска постојка покрај неговата семкара.
„Секое утро без исклучок, овој човек инаку сопственик на портокаловата семкара на автобуската станица наспроти ТЦ Антико во Карпош 4 го чисти тротоарот, целата автобуска постојка, па дури и самата улица…
А ако дојдете вечер да купите семки, сончоглед или кикирики дури и во 22ч повторно ќе ве дочека истиот лик со зборовите: ‘Повели комшија!’
Ако веќе бараме урбани херои и пример за граѓанска и работна етика, еве еден кој со дела покажува што значат еснафски манири“, пишува на Фејсбук.
Секое утро без исклучок (!), овој човек инаку сопственик на портокаловата семкара на автобуската станица наспроти ТЦ…
Posted by Gjoko Pargo on Monday, December 3, 2018