Насилно се отстранети заштитните столпчиња, долж тротоарот, кај училиштето „Војдан Чернодрински”, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен).
„Овие столпчиња се поставија по барања на повеќе заедници на сопственици – граѓани, од различни згради, со цел тротоарите да бидат безбедни и слободни за движење за најмладите.
Повикуваме уште еднаш, да престане свесното уништување на урбаната опрема, со што се прави директна штета за населбите, но и на Буџетот на Општина Карпош.
Секој оној, кој ќе продолжи со насилството и вандализмот, мора да биде санкциониран“, велат од Општина Карпош.
Насилно отстранети заштитните столпчиња во Карпош
Од
Објавено на