Денеска се сретнав со амбасадорот на Австрија во Република Северна Македонија, Георг Вуцас и неговиот асистент Александар Палмер. Амбасадорот Вуцас го запознав со тековните проекти во општина Охрид како и постапките и динамиката при нивно реализирање. Општина Охрид по навистина долга пауза ја посетува Австриски амбасадор и на мое големо задоволство и двајцата изразивме подготвеност за зацврстување на пријателските односи, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
извор: ФБ Константин Георгиески