Актуелно

Градоначалникот Георгиски дел од конституивната седница на Локалното собрание на млади

На мое големо задоволство денес бев дел од конституивната седница на Локалното собрание на млади, кое потоа ќе биде надлежно за формирање на Советот на млади во општина Охрид.
📄На конститутивната седница учествуваа 14 делегати од здруженија на граѓани и подмладоци на политички партии. За претседавач на собранието е избран Георги Ставрески, а за секретар Јована Ристеска.
👍Ги охрабрувам младите и им посакувам успех во реализација на секоја позитивна идеја која обезбедува напредок за сите нас, затоа што тие се носители на младинските активности во градов. Им посакувам позитивна мисла и понатамошни креативни идеи, а јас со задоволство ќе го поддржувам сето она што значи напредок и развој на нашиот град, напиша градоначалникот во ФБ објавата.
ФБ профил Константин Георгиески
На почеток