Реконструкцијата на улицата „15-ти Корпус“ влегува во финална фаза. Ова е исклучително важна инфраструктурна инвестиција со која Охрид добива современ влез во градот.
Улицата е во должина 1900 метри и за нејзина реконструкција општина Охрид издвои 30 милиони денари од општинскиот буџет, додека останатите 28 милиони денари се обезбедени од ЈП „Државни патишта“.
Продолжуваме со инфраструктурни инвестиции затоа се од големо значење за граѓаните и затоа што од нив зависи економскиот развој на општината, пишува градоначалникот во својата објава на ФБ.
ФБ профил Константин Георгиески