Смрзната, гладна, жедна… во строгиот центар на Скопје, наспроти Собранието на Р Македонија, живее жена која очигледно е невидлива за институциите на системот. Покриена со едно ќебе кое очигледно и го поклонал некој добронамерен граѓанин, деновите ги поминува потпрена на студен ѕид, молејќи се некој да и подари нешто за јадење.
Сликатава е објавена на социјална мрежа фејзбук. Госпоѓата која ја постави кратко напишала:
„Во строгиот центар на градот, спроти Собранието на РМ, веќе подолго време живее на улица една жена..смрзната, гладна, испомочана…чека од институциите помош. Каде сте бре Труд и Социјала?? Очи немате ли, со години женава тука чмае…душа има таа а вие???
Прашањата и се на место и истите не се однесуваат само на овој случај, затоа што сведоци сме дека се повеќе наши сограѓани мака маачат да се прехранат. Скопје 1 и вчера пишуваше за случај на Жена која живее со гангрена на двете нозе и нејзината сестра која е со здробени стопала. Итно им треба помош. Но, и тоа не е се … само да се прошета низ центарот на Скопје вакви примери има премногу и сите тие „живуркаат“ благодарение на добронмерни граѓани кои двојат парче леб од себе само да им помогнат колку толку.
Но, прашање кое се наметнува, каде се институциите? Води ли некој грижа, има ли можност држават да ги згрижи овие лица?
И оваа фотографија ја објавуваме со недеж дека ќе допре до надлежните и ќе се најде начин да се згрижи беспомошната бабичка.
Да бидеме хумани. Да помогнеме. Кој колку може, затоа што она што го даваме е малку а за некого е се.