Актуелно

Трета седница на локалното собрание на млади на општина Охрид

Се известуваат сите заинтересирани млади лица кои имаат желба да аплицираат на Јавниот повик за членови на Локалниот младински совет на општина Охрид и ги исполнуваат потребните услови, дека рокот за пријавување истекува во сабота на 08.05.2021 година во 24 часот. Пријавите согласно јавниот повик се подесуваат електронски на емаил: [email protected].

Воедно ги известуваме членовите на Локалното собрание на млади на општина Охрид дека третата седница на Локалното собрание на млади на која ќе се избираат членови на Локалниот младински совет на општина Охрид ќе се оддржи на ден 12.05.2021 година (среда), во 10.30 часот, во Големата сала на Советот на општина Охрид. Ви прилог дневниот ред за оваа седница.

Усвојување на записниците од првата и втората седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
Донесување на деловник за работа на Локалното собрание на млади на општина Охрид;
Претставување на кандидатите за членови во Локалниот младински совет на општина Охрид;
Избор на изборна комисија која ќе ги спроведе изборите за членови на Локалниот младински совет на општина Охрид;

Избор на членови на Локалниот младински совет на општина Охрид;
Разно;

Напомена: На седницата се поканети и имаат право да присуствуваат и сите кандидати за членови на Локалниот младински совет кои добиле потврда дека поднеле уредна документација до општина Охрид. Секој кандидат ќе има право кратко пред членовите на локалното собрание на млади на општина Охрид да ја образложи својата апликација и мотиви за членство во младинскиот совет на општина Охрид по што ќе следува тајно гласање. Согласно одлуката на Локалното собрание на млади нивните имиња нема да се објават до денот на оддржување на третата седница на Локалното собрание на млади на општина Охрид.

Општина Охрид

На почеток