Актуелно

Честитка од градоначалникот Георгиески за Рамазан Бајрам

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески упати честитка по повод големиот муслимански празник   Рамазан Бајрам.

– На сите граѓани од исламска вероисповед и  на раководството на Исламската верска заедница   им  го честитам големиот празник Рамазан Бајрам  кој се одбележува по светиот месец на постот со желба  да го минат  во добро здравје,  радост, љубов  и хармонија во семејството.

Во ова време кога човештвото се соочува со големата борба против пандемијата предизвикана од  корона вирусот  посакувам да покажете трпение и празничните денови да ги минете со почитување на пропишаните протоколи и мерки за заштита.

Нека овие денови  кај секој човек ги потврдат вредностите на толеранцијата слогата, и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот.

Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам – стои во честитката на градоначалникот Георгиески.

 

На почеток