Типизирани куќарки брендирани со логото на Општина Охрид покрај на Кејот се поставуваат и на пешачката патека од мостот према некогашен Парк. Нема повеќе продавање прехранбени производи и книги на колички или ѕидчиња. За оваа намена се предвидени токму оваа куќарки.
Куќарките што прв пат беа употребени за потребите на Новогодишниот базар на Градскиот плоштад ќе бидат целосно поврзани на електричната и водоводната мрежа за да обезбедат услови за безбедно работење.
Според најавите од Општина Охрид, се работи за обид да се воспостави ред во услужните дејности, односно да се спречи продавањето храна на туристите од привремена урбана опрема што не исполнува минимални безбедносни услови.
Право на продавање прехранбени производи на шеталиштето во градот и на пешачката патека после мостот ќе биде дозволено само за оние угостители и трговци што ќе закупат од привремените објекти поставени за таа намена, додека „дивите” продавачи ќе бидат отстранети.
