Актуелно

Георгиески: Под слоганот “Градиме иднина” започнуваме со презентација на проектите од страна на локалната самоуправа

Две години посветено и одговорно работиме за обезбедување на подобри услови за развој на Охрид.
👉Вашата доверба и поддршка е основниот мотив да продолжиме понатаму со реализација на исклучително важни проекти со кои ја подобруваме урбаната слика во градот и креираме можности за напредок на сите полиња.
✅Иако тековно и редовно Ве информираме за сите детали од нашата работа, врз основа на принципите на транспарентност и отчетност од денес под слоганот “Градиме иднина” започнуваме со презентација на проектите и активностите кои како локална самоуправа ги имаме реализирано во текот на изминатата година (од април 2020 година до април 2021 година).
✅Во финалниот дел од презентацијата на срботеното ќе биде објавена и соодветна публикација која ќе биде достапна во печатено и електронско издание, стои во ФБ објавата на градоначалникот Георгиески.

На почеток