Актуелно

(ФОТО) Се уредува тротоарот на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“

Се уредува тротоарот на улица „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Туристичка“ до пресекот со улица „Кеј Македонија“.

Се поставува нова тампон подлога и се врши прередување на веќе поставените бехатон плочки. Поради значителни оштетувања, на одредени места се поставуваат и нови бехатон плочки, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додава:

Активностите се дел од програмата за уредување на градежно земјиште, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид.

Во текот на наредниот период планирано е уредување на тротоарите на уште неколку улици во градот каде што има значителни оштетувања.

извор: ФБ Константин Георгиески

На почеток