Остануваме посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО и покажуваме вистинска грижа за запирање на деградацијата на нашиот регион. Донесовме План за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, кој доследно го почитуваме, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
👉Во моментот се работи на отстранување на бесправните објекти од плажите, кои тековно ќе се уредуваат согласно сите препораки за заштита на природата.
👉Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот и континуирано вложуваме во поддршка на туристичкиот сектор.
👉Само со одговорна и посветена работа ќе го зачуваме сјајот на Охрид и ќе овозможиме вистински развој на туризмот.