Заедно со премиерот Зоран Заев денеска официјално ја пуштивме во употреба улицата „15-ти Корпус“, која е комплетно реконструирана по сите најсовремени стандарди, Напиша на својот Фб профил градоначалникот Константин Георгиески.
Во продолжение на објавата градоначалникот додава:
☑️Охриѓани добиваат уште една вредна капитална инвестиција која значително ги подобри условите за безбеден сообраќај.
☑️Драго ми е што како локална и централна власт целосно ја препознаваме важноста на инфраструктурата како основа за подобрување на условите за живот на граѓаните и тоа што континуирано реализираме инвестиции кои придонесуваат за развој и напредок.
