Со реконструкцијата на улицата “15-ти Корпус” Охрид доби модерен и уреден влез на еден од главните приоди кон градот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
Градоначалникот во објавата додава:
Улицата е во должина од 1900 метри
Поставен е нов асфалт на коловозот
Извршена е замена на атмосферската канализација
Комплетно се уредени пашачките и велосипедските патеки од двете страни на улицата
Поставено е ново осветлување
Поставена е нова современа хоризонтална и вертикална сигнализација
Поставена нова водоводна линија и изградени се три потпорни ѕидови
Проектот е со вкупна вредност од 58 милиони денари.
Продолжуваме посветено да работиме и да инвестираме во сообраќајната инфраструктура. Охрид заслужува современ урбан развој.
