Македонија

Падна нова пресуда за Пино Секондо

Кривичниот суд одново и досуди 19 години затвор на Ангела Ѓорѓиевска, обвинета за помагање во убиството на Пино Секондо. Ова доаѓа откако претходно Апелација и ја укина прсудата и случајот се судеше одново со напатствија да се проложат нови докази. Ѓорѓиевска останува во притвор, а адвокатите ќе поднесат нова жалба.=

Ѓорѓиевска која одново е осудена како соизвршител на убиството останува во притвор до правосилност на пресудата или евентуална нова одлука. Нејзиниот адвокат посочи и дека ќе поднесат одново жалба до Апелација со која ќе бараат укинување на пресудата.

Во бегство и натаму е Фуркан Али, обвинет дека го извршил убиството, користејќи пушка која ја носел со себе во автомобилот. Тој се гони за кривично дело убиство, но е недостапен за органите на правдата.

Според обвинението, осудената Ѓорѓиевска го повикала Пинета Секондо – Пино и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и Фуркан Али со возило „опел аскона“ носејќи со себе пушка. Тој го оставил возилото на насипот и седнал да управува со автомобилот „шкода“ со кое до насипот дошол Пино. На совозачкото место седнала Ѓорѓиевска, а Пино седнал на задното седиште.

Обвинителството тврди дека тројцата се упатиле по обиколницата кон атарот на селото Арачиново и во една нива почнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент Фуркан Али со пушката го застрелал во главата убиениот Пино Секондо. Осудената Ангела Ѓорѓиевска придонела да се изврши убиството, така што овозможила Пино да се сретне со убиецот, иако знаела за нивната меѓусебна нетрпеливост.

На почеток