Скопје

Основци и средношколци имате можност да учествувате во Меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите – Пријавете се …

Македонската банкарска асоцијација во соработка со Министерството за образование и наука, Народната банка на Република Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК до основните и средните училишта во Република Македонија.

Ги повикуваме основните и средните училишта во РепубликаМакедонија за учество во меѓународниот натпревар Европскиот квиз на парите. Овој квиз е проект на Европската банкарска федерација,фокусиран на финансиската едукација на учениците од 13 до 15години. Европскиот квиз на парите се одвива во две фази – првата фаза сенационалните натпревари во секоја земја поединечно, а втората фаза еевропското финале. Националниот натпревар во Република Македонијаќе се одржи на 27 март 2019 година, во рамките на Европскатанедела на парите. Најдобрите двајца ученици ќе ја претставуваатнашата земја на финалето коешто ќе се одржи на 7 мај 2019 година воБрисел, Белгија.Натпреварите ќе се реализираат преку посебна електронскаапликација за оваа намена Кахут (Kahoot!), којашто е едукативна платформа на база на игра.

Финалниот натпревар во Белгија ќе сеодвива на мајчиниот јазик на учесниците. Се повикуваат сите заинтересирани основни и средни училишта дапријават одделенија / класови за учество на националниот натпреварво Република Македонија, најдоцна до 31 јануари 2019 година наследнава електронска адреса на Македонската банкарска асоцијација:[email protected]Притоа, треба да се има предвид следново:- Секое основно или средно училиште може да пријави повеќеодделенија / класови;- Учениците треба да бидат на возраст од 13 до 15 години на денотна пријавувањето;- Заедно со податоците за одделенијата / класовите треба да седостават податоци за наставниците / професорите под чиементорство ќе се одвива подготовката.Во периодот од крајот на јануари до почетокот на март, ќе се одвиваатподготовки и интерно тестирање на пријавените одделенија / класовиза потребите на националниот натпревар.

Организаторите на настанотќе се погрижат за едукативните материјали коишто ќе им бидатпотребни на учесниците од Република Македонија за подготовка заинтерното тестирање, националниот натпревар и европското финале,за што пријавените одделенија / класови и нивните ментори ќе бидатнавремено информирани.

Повеќе информации за Европскиот квиз на парите се достапни наследниве веб-страници: www.mba.mk и www.efb.eu .

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток