Сите велат „светот останува на младите“. Од друга страна, сведоци сме дека во Македонија се повеќе млади сакаат да заминат и се помалку од нив сакаат да останат во државата.
Разговаравме со млади, родители, наставници. Од сите страни почувствувавме некоја апатија и немоќ дека нештата може да се сменат.
Во таа насока, ние како граѓански активисти одлучивме да направиме експеримент. Да откриеме зошто младите се разочарани и дали постои начин младите да се заинтересираат за нови знаења, и како да се мотивираат да превземат активности во нивни раце за нештата кои се во нивен интерес, велат од Локалнта агенција за развој Струга. Тие додаваат: „Успеавме да откриеме модел кој е супер успешен и кој може да им помогне на младите и на наставниците и на училиштата да ја вратат вербата во образованието. Да го доживеат значењето на флоскулата “Знаењето е сила знаењето е моќ. На младите останува светот!”
Нашиот успех и целосната тајна на моделот кој може да се примени од сите кои се дел од образованието сакаме да го споделиме со јавноста, особено со наставниците и училиштата од Охрид и Струга каде и го направивме овој експеримент.
Ќe ги споделиме сите чекори и добри практики кои ги применивме, и сите предизвици со кои се соочивме и буквално ќе го подариме на сите кои сакаат нашиот пристап да го применат и да уживаат во плодовите на успехот! А тоа се задоволни наставници и мотивирани ученици, вклучени во општествените предизвици.
Кога?
На 21 декември петок во хотел Дрим, Струга. Линк до настанот
И тоа не е се, како специјален гостин ни доаѓа г-дин Хајан Селмани – еден од најуспешните претприемачи во Македонија кој во оваа насока ќе одржи мотивациски говор за присутните, велат од локалната агенција за развој Струга.