Македонија

(ВИДЕО) Запленети 500 килограми марихуана на „Богородица“

Повеќе од 500 килограми марихуана, спакувана во 181-но пакување, со различна големина и тежина, се запленети на Граничниот премин „Богородица“. Дрогата била пронајдена, при контрола на камион, со скопски регистерски таблички, во специјално направен бункер, на кровот на приколката. Возачот на камионот е приведен, додека по едно лице се трага. Пронајдената дрога, во Македонија влегла од Албанија, а била наменета за нарко-пазарот во Турција. Според првичните информации, станува збор за меѓународна криминална група, во која се вмешани државјани на Македонија, Албанија и Турција.

Запленетата марихуана требало да се транспортира до Турција, а нејзината вредност се проценува на над милион евра, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција.
Во рамките на криминалистичкото истражување утврдено е дека во текот на ноември и декември, Д. С. (33) од Скопје набавил марихуана од Албанија со цел продажба во Турција, а го организирал и транспортот преку Македонија и Грција до територијата на Турција. За реализација на транспортот, Д.С. за соодветен паричен надомест го ангажирал З.А.. Бункерот во возилото бил направен во Турција и оттаму З.А. го донел возилото во Скопје, каде веќе била подготвена марихуаната за транспорт.
-Во текот на вчерашниот ден, по издадени наредби од судија на претходна постапка, извршен е претрес во домот на Д.С. во Скопје, со цел пронаоѓање и обезбедување на дополнителни материјални докази. Од извршениот претрес, пронајдени и одземени се едно возило Рено меган, мобилни телефони и бројна документација. Во текот на денешниот ден до обвинителството е поднесена кривична пријава против Д. С. како организатор на транспортот и З. А. како транспортер на дрогата, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.3 од Кривичниот законик на Р.Македонија- соопшти Ангеловски.

Бункерот во камионот бил направен во Турција и оттаму З.А. го донел возилото во Скопје, каде веќе била подготвена марихуаната за транспорт.
Кривична пријава Одделот за организиран криминал поднел и против Д. С. како организатор на транспортот.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток