Актуелно

Во овој инцидент, луѓето не загинаа од ударот на заштитната ограда, тие загинаа од пожарот, смета бугарски експерт

„Во овој инцидент, луѓето не загинаа од ударот на заштитната ограда, тие загинаа од пожарот“. Ова го соопшти извршниот директор на Автомобилската управа на Бугарија, Бојко Рановски во етерот на „БТВ“за тешката сообраќајка на автопатот Струма на 23 ноември, во која загинаа 45 македонски државјани.

Според него, затоа е најважно да се најде причината за пожарот – дали бил пред ударот на заштитната ограда, или по ударот.

„Во оваа делница може да недостига доволно обележување и сигнализирање на делот дека има соодветно исклучување за одмор“, коментира директорот на Автомобилската управа.

На прашањето дали токму на ова место со вртење треба да има простор за одмор и исклучување, тој одговори дека тоа можат да кажат оние кои го проектирале автопатот. Рановски појасни дека според него не е вистинското место.

На почеток