„Имате пари за дресирање на магариње, а фрлате трошки за докторите“, Чибишев лут на владината мерка

Од
Објавено на

Докторот Андон Чибишев е уште еден од медицинарите кои се револтирани од мерката на Владата со која се наградува секој матичен лекар со 30 денари од вакциниран пациент, доколку убеди 70 отсто од нив. Тој смета дека се потценува достоинството.
„Повторно мерка од Владата со која на најбезобразен начин се потценува достоинството на матичните и докторите од примарна здравствена заштита. Ќе добивале 30 денари , со букви (триесет денари) за секој пациент кој ќе го убедат да се имунизира. Како не ви срам и жал, бре непрокопсани, вака да си играте со чувствата и професионалниот интегритет на докторите. Им фрлате трошки и очекувате да се радуваат. Ама, затоа имате илјадници евра за вашите послушници во пропаднатото СЈО, имате пари за дресирање магариња, купување бифтеци, ф,стаци, бадеми и најново како прочитав за популаризација за некаква пица која правела од пред новата ера. Поддршка и респект за моите колеги“, вели Чибишев.
