Македонија

Гаши смета дека судиите имале предрасуди за етничката припадност, па затоа бара меѓународна истрага за „Монструм“ и други случаи

Африм Гаши, лидер на Алтернатива барал меѓународна истрага за случаите каде обвинети биле Албанци, бидејќи се сомнева дека судии носеле пресуди со предрасуди за етничката припадност на обвинетите. Ова тој го кажа на прес-конференцијата со премиерот Зоран Заев.

„За првпат се случува Владата да достави барање до Европската комисија за да направат меѓународно истражување на случаите. За жал, последните 30 години постоеле сомнежи околу судските одлуки. Имало сомнежи за политичко влијание. Нашата цел е да нема незадоволство меѓу заедниците, бидејќи судија тргнал со предрасуди за етничката припадност на обвинетите. Нас не задоволува правда, тоа можеме да го направиме како Влада, да доставиме барање до ЕК и да спроведеме постапка“, кажа Гаши.

Заев се согласил за меѓународна истрага за „Монструм“, а поддржал и други 10 барања на Гаши

На почеток