Скопје

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа

Изгласани 4-те предлог амандмани на Уставот согласно договорот од Преспа, на Комисијата за уставни прашања. Комисиската расправа продолжува со дебата по Уставниот закон кој се донесува на важењето на амаднманите, внтрешната употреба на името Северна Македонија и државјанството. Опозициските пратеници од ВМРО ДПМНЕ не учествуваа на расправата.

Пратеникот пак од опозиската ГРОМ , Панчо Минов, е задоволен од измените во амандманот за заштита на македонскиот идентитет и гранцијата на границите, но и понатаму има забелешки од кога да се применува новото име и во делот на Преамбулата.

Расправата за уставните измени се одвиваше екпресно.

Пратениците на опозициската БЕСА и Алијансата на Албанците гласаа воздражно за три од четирите предлог-амандмани, а конечниот свој став ќе го изградат на пленарната седница за амандманите.
Амандманите треба конечно да бидат на собраниска седница на 9 ти јануари. За да се усвојат потребно дво третинско мнозинство.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток